Почетна / МК Сцена / Видео | Антониа со спот за победничката песна од „Макфест“

Видео | Антониа со спот за победничката песна од „Макфест“

Пинковата ѕвездичка Антониа Гиговска гордо и стабилно ја зацврстува својата позиција на македонската музичка сцена. Квалитетниот вокал и одличната песна “Никогаш не вели никогаш” беа пресудни за да ја донесат Гиговска до победа на овогодишното издание на “Макфест”, кое се одржа во Штип изминатиот викенд. Веднаш по победата, Антониа го промовираше и видео записот за песната, чии автори се познатите Магдалена Ена и Лазар Цветковски. Во видеото се појавува и моделот Павле Николовски.

За видеото да изгледа како што треба, се погрижи и стилистката на Гиговска, Викторија Бурсак, мејкап-артистот Даниел Николовски и „Фешн Груп“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВИДЕО | Нескршливиот Ѓердан на Васил Гарванлиев

Васил Гарванлиев момчето познато по детскиот евергрин Марионка, по речиси дваесет години се враќа на …