Почетна / МК Сцена / Вечерва сите на плоштад, Тоше го заслужи тоа!

Вечерва сите на плоштад, Тоше го заслужи тоа!

ВЕЧЕРВА 20:00 ЧАСОТ

 

Ѕвезденото небо во чест на Тоше Проески ќе се одржи и оваа година и тоа по четврти пат. Навршуваат пет години од неговата смрт, а верните фанови ширум Балканот и натаму го прават она што тој го сакаше. Во чест на последниот концерт на Проески одржан во Скопје на тогашниот Градски стадион, денешна арена „Филип Втори“, фановите организираат уште еден традиционален настан на денот кога Тоше стоеше пред нас и го бараше своето ѕвездено небо.

Интернационалниот Тоше Фан Клуб ги кани сите почитувачи на делото на Тоше вечерва во 20:00 часот на плоштадот Македонија во Скопје, да заблескаме уште еднаш толку силно за и тој да ја почувствува љубовта која сите ја имаме кон него. Бидете таму!

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!