Почетна / Телевизија / Брехтовиот „Кафкаски круг со креда“ вечерва на Наша ТВ во 21 часот

Брехтовиот „Кафкаски круг со креда“ вечерва на Наша ТВ во 21 часот

Тетар на Наша – секоја недела во прајмтајм

 

Tеатарската претстава “Кавкаски круг со креда“ од Бертолт Брехт, а во режија на Мартин Кочовски, ќе ја следиме вечерва, 29 јули на репертоарот на Наша ТВ во 21.15 часот. .“Кавкаски круг со креда“ е еден од позначајните текстови на германскиот поет, драматург, режисер и теоретичар на уметноста Бертолт Брехт, во кој се говори за одредени општествени состојби и појави кои и денес се актуелни.

Во претствата учествуваат актерите: Андон Јованоски, Виолета Чакарова, Игор Трпчески, Владимир Ѓорѓијоски, Наташа Наумоска, Марија Спиркоска – Илиески, Александар Тодески, Зоран Иваноски, Даниела Стојковска, Димитар Црцороски, Александар Степанулески, Јасмина Мицовска-Станкоска, Милан Секулоски, Димитар Ѓорѓиевски, Никола Настоски и Катерина Чакмакоска. Сценографијата е на Јулијана Војкова – Најман и Филип Јованоски, Костимографијата на Јулијана Војкова – Најман, амузиката за “Кавкаскиот круг со креда“ ја работи групата “Фолтин“.

Мартин Кочовски заедно со својот тим на соработници и младата и ентузијастичка трупа на прилепскот театар со неверојатен жар зборуваат за системот во кој живееме употребувајќи ја својата снага да создадат дела кои ги пленат гледачите и ги оставаат вчудоневидени од силината на автентичната енергија која заплиснува како бран од сцената кон гледалиштето.

Мноштвото зборови, идеи, звуци, песни, закани, емоции, љубови и разочарувања, метални констукции, саркастични дијалози, композиции отпеани и одживеани со енергија која ја има само на ова тло, ставени се во рамката на Брехт и неговата естетика, се разбира не робувајќи на никакви шаблони туку напротив, копонирани хармоничен театарски израз на силно и автохтоно уметничко дело.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саша Поповиќ и Ристе Ристески ја бараат новата Гранд ѕвезда

Во понеделник (24 јуни) со почеток во 9 часот започнува големата македонска аудиција за најгледаното …