Почетна / Телевизија / Алфа ТВ ги смени боите на логото – во најава нови содржини

Алфа ТВ ги смени боите на логото – во најава нови содржини

Алфа се подготвува за новата телевизиска сезона. Откако во јавноста излезе информација дека новиот директор на телевизијата е новинарот Васко Ефтов, следуваат нови изненадувања од Алфа.

Боите на логото на телевизијата се променети, и од вчера, истото е веќе во функција на малите екрани како такво. Направени се нови форшпани за најава на содржините кои се емитуваат на телевизијата, а од понеделник, 13 август, започнува и нов квиз кој го најави Марко Дај побрзај. Дебатна емисија на Алфа за актуелните политички случувања секој ден во 18.18 часот, веднаш по Вестите.

Од есен се очекуваат и нови телевизиски содржини, меѓу кои и хрватската теленовела “Зора дубровачка”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саша Поповиќ и Ристе Ристески ја бараат новата Гранд ѕвезда

Во понеделник (24 јуни) со почеток во 9 часот започнува големата македонска аудиција за најгледаното …