Почетна / МК Сцена / Запознајте ја Санела, новата музичка надеж која дебитираше на „Макфест“

Запознајте ја Санела, новата музичка надеж која дебитираше на „Макфест“

Харизматичната и талентирана пејачка, битолчанката Санела Шукриевска дебитираше на годинешниот Макфест со песната „Цунами“, чиј комплетен автор е Кирил Зарлинов (дј Ерик Фокс), а микс и мастерот е на нашиот познат хит мејкер и продуцент Јован Јованов. Стилот на песната е поп-денс.

Санела е студентка на Правен факултет, а завршила како виолинист во средното музичко училиште во Битола. Нејзиниот музички талент го наследила од татко и кој исто така се занимавал со музика и ја охрабрил да се запише во музичко училиште.

Професионално започнува да се занимава со пеење на 15-годишна возраст, настапувајќи на бројни настани низ цела Македонија. Зела учество на фестивали во Грција и Молдавија, каде што освоила први места.

„Цунами“ е нејзината прва песна која се надеваме дека ќе допре до срцата на слушателите и ќе направи вистинско цунами.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!