Почетна / Филм / За летото, Телма со утрински филмови за детската публика

За летото, Телма со утрински филмови за детската публика

Лето на Телма со анимирани филмови. Секое утро во 10 часот ќе се прикажуваат авантуристички цртани филмови од европски и американски продукции.

АВАНТУРИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО НА БИГФУТ -понеделник, 21 јули 2025

Потрагата по Бигфут на Алјаска ќе донесе многу авантури и неизвесност во француско белгиската авантура.

ВОЛШЕБНАТА СВЕТЛИНА – вторник, 22 јули 2025

11-годишниот Тони има единствена способност – блеска уште од раѓање.

Неговите родители се обидуваат да го задржат дома за да го заштитат од надворешниот свет, но еден ден тој ја запознава Шели, мистериозна девојка која се вселува во еден од соседните апартмани пред божиќните празници.  Филм за тоа како е да се биде различен, приказна за пријателството и фантазијата, за светлината и темнината.

ЈАВАЧ НА ЗМЕЈ – среда, 23 јули 2025

Фајрдрејк е млад сребрен змеј, кому му е здодеано постојано да се крие во пошумената долина. Тој сака да им покаже на постарите генерации змејови дека е вистински змеј. Кога луѓето ќе го уништат последното засолниште на неговото семејство, Фајрдрејк тајно тргнува на авантуристичко патување со јавачот на змејови – Сорел.

ЕЈНБО – ДОБРИОТ ДУХ НА АМАЗОНИЈА – четврток, 24 јули 2025

Епско патување на еден млад херој и нејзините духовни водичи, „Дило“ симпатичен и хумористичен армадило и „Ваца“ глупав преголем тапир, тргнуваат на потрагата да го спасат својот дом во спектакуларната амазонска прашума.

БЛУБЕК – ПРИЈАТЕЛ ВО ОКЕАНОТ – петок, 25 јули 2025

Филмска адаптација на најпродаваната и критичка новела на Тим Винтон; универзална басна за сите возрасти за пријателството, семејството и моќта на една млада девојка да направи разлика.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детски филмови за последната недела од јули секое утро на Телма

Детски филмови за последната јулска недела на Телма – 10 часот наутро. ГОЛЕМАТА АВАНТУРА СО …

error: Содржината е заштитена!