Почетна / МК Сцена / Влатко Лозаноски со голем концерт на 7 март во арена „Борис Трајковски“

Влатко Лозаноски со голем концерт на 7 март во арена „Борис Трајковски“

Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.

„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“ вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.

Картите за настанот кој не смее да се пропушти се веќе во продажба! Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Валдера со нова песна „Она што ми треба“ – љубовна рок експлозија

Младиот, харизматичен и секогаш позитивен македонски поп изведувач Влатко Иљачев – Валдера, повторно ја изненади …

error: Содржината е заштитена!