Почетна / МК Сцена / Видео | Србија на колена – наша Каролина освојува со новиот хит

Видео | Србија на колена – наша Каролина освојува со новиот хит

Новиот емотивен мега хит на македонскиот супер бренд Каролина Гочева го освојува регионот. Не постои телевизиска станица во соседна Србија каде песната не се промовираше.

Српските радио станици наголемо ја пуштаат “Мог живота дио”, а српската публика едногласно посочи – Македонското девојче конечно ни се врати на голема врата.

Ѕвездата се претстави онака како што доликува на една дама – гламурозно, стилизирано и светски.

Во една од емисиите на српските телевизии, Гочева ја отсвири и запеа нејзината песна, а публиката ја поздрави со громогласен аплауз.

Каролина Гочева сега и засекогаш.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечер посветена на Тоше Проески: „Засекогаш во срцата“ по осми пат

Убаво е кога имаме некого со кого можеме да се гордееме. Некого за кого секогаш …

error: Содржината е заштитена!