Почетна / МК Сцена / Видео | Симона Поповска ја претстави новата песна „Бели ноќи“

Видео | Симона Поповска ја претстави новата песна „Бели ноќи“

Симона Поповска ја претставува својата нова песна „Бели ноќи“, која преку моќна лирика и впечатлив визуелен концепт ја раскажува приказната за љубовта, искушенијата и трансформацијата на човековата душа.

„Бели ноќи“ носи урбан поп звук и текст кој отвора прашања: „Кој е тој што нема тајна, нема рана? Ти си мојот порок, моја мана.“ Текстот, чиј автор е Робин Зимбаков, е приказ на човечката слабост, но и на силата да се прифати сопствената автентичност. Музиката и аранжманот се со потписот на Панче Касапски, мастеринг Дулелуд , додека зад видеото стојат Крсте Шупев и Стефан Петровски.

Видеото започнува со апсолутна белина како симбол на почеток и невиност, но постепено се преобликува во маслинестозелена боја која носи двојна симболика – раст и обнова, но и хаос, несовршеност и непредвидливост. Во финалето, белината исчезнува, оставајќи ја сликата на хаотична убавина – живот обоен од искуства, емоции и страсти. И тогаш доаѓа дождот како прочистувачка сила што го симболизира новото раѓање.

„Филозофијата е јасна – животот не е создаден за да остане совршен и недопрен. Тој е создаден за да се живее, да се обои и да се преобрази. Трагите не се мани – тие се доказ за раст и идентитет“, – вели Симона, која со „Бели ноќи“ уште еднаш ја потврдува својата способност да создава музика што ја надминува забавата и носи уметничка порака.

„Бели ноќи“ е достапна на сите дигитални платформи, а видеото може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Симона.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!