Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (46. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (46. продолжение)

Додека зад дрвената врата, Лукреција очајно молеше да биде пуштена, Алис го проколнуваше Енцо да не и отвара. Италијанецот и даде знак да се сокрие во собата, па ја отвори вратата.
– Каде гори?, – ја праша Лукреција, кога ја пушти да влезе.
– Енцо, дали е вистина дека ја држиш тука мојата ќерка? Одговори ми, Енцо, те молам, ми кажаа дека ја видела како доаѓа навака.
– Госпоѓице Лукреција, од каде тоа, ве молам?

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 46 – „Доказ за љубов“

 

Додека зад дрвената врата, Лукреција очајно молеше да биде пуштена, Алис го проколнуваше Енцо да не и отвара. Италијанецот и даде знак да се сокрие во собата, па ја отвори вратата.
– Каде гори?, – ја праша Лукреција, кога ја пушти да влезе.
– Енцо, дали е вистина дека ја држиш тука мојата ќерка? Одговори ми, Енцо, те молам, ми кажаа дека ја видела како доаѓа навака.
– Госпоѓице Лукреција, од каде тоа, ве молам?
– Ми кажаа дека Кристина ја довела тука. Морам итно да ја вратам Алис на Темпестад пред да биде предоцна, Енцо. Ќе ги пребарам собите…
Алисиња која стоеше зад вратата во собата, да можеше ќе престанеше да дише само да не биде откриена и да не биде вратена назад. За среќа, Енцо ја задржа нејзината мајка.
– Госпоѓо, ова е моја куќа, немате право.
– Што сакаш? Сакаш пари?, – Лукреција беше подготвена на се.
– Госпоѓо, Ве молам напуштете ја мојата куќа пред да станеме безобразни.
– Ако Фаусто дознае дека имаш нешто со исчезнувањето на мојата ќерка, деновите ти се броени, Енцо.
Алисиња длабоко зеде оддишка кога слушна дека нејзината мајка ја напупшта колибата. Излезе од собата и му заблагодари на Енцо што и го штитеше грбот.
– Во ред е госпоѓице Алис, но сето ова е прекомплицирано за мене, затоа ќе Ве замолам да си одите што поскоро.
Девојката јасно и гласно ја прими пораката.

Сонцето заоѓаше зад ридот, додека Антенор имаше задача да ги провери сите коњи во шталата. Извршувајки ги своите задачи, не ја ни забележа Антониета, која како сенка се искраде зад неговиот грб.
– Госпоѓице Антониета?! За што и да ме барате, немам време…Газдата ми нареди да завршам некои обрски.
– Не дојдов за тоа, – му појасни таа. – Сакам да разговарам со тебе. Претпоставувам помниш во каква положба сношти не затекна госпоѓа Естер.
– Секако дека помнам. Како можам да заборавам?
– Сакам да разјаснам дека не чуствувам ништо за тебе. Се што кажав беше со цел да се извлечеме.
– Ако е така, најдете си друг за да ви помине желбата, – рече навредено и продолжи да го тимари коњот, давајки и до знаење дека разговорот е завршен.

Младиот Рикардо Кастењон само што беше вратен од јавање, кога го остави својот коњ во шталата и излезе од неа, наидувајки директно на ќерката на надзорникот.
– Моналиса?!
– Рикардо, – почна таа со спуштен поглед. – Размислував за она што го зборувавме утрово и…решив да ти го дадам потребниот доказ за љубов.
– Навистина?
Наместо одговор, таа потврди со краток бакнеж во неговите усни.
– Но, сакам да разговараш со Дон Фаусто, да му кажеш за нашата љубов.
– Секако, – рече тој, па ја зеде за рака и ја повлече кон шталата. – Но, претходно, сакам да ми го дадеш тој доказ за љубов, Моналиса, – нетрпеливо почна да и ја соблекува кошулата.
– Што правиш?
– Ќе ти покажам како треба да ми докажеш дека ме љубиш.
Речиси грубо почна да ја љуби и да ја допира по целото тело. Младата страст гореше во него и беше нестопирлив. Моналиса се обиде да го одвои од себе, но Рикардо беше незаситен. Незаситен од мирисот на нејзината кожа, од цврстината на нејзините гради…Девојката го удри помеѓу нозете, за да тој се врати при себе.
Држејки се за меѓуножјето, Рикардо одвај доаѓеше до здив. Моналиса побегна колку што ја држеа нозете.

Ја пресече кокошката на половина и од утробата на живoтното изби крв. Кристина ја менуваше својата сестра во кујната тој ден, бидејки Марија Грација беше слободна. Немаше уште многу време за да спреми вечера, па тоа го правеше инстинктивно и најбрзо што можеше.
Лукреција ја отвори кујнската врата и како фурија пријде до неа.
– Каде е мојата ќерка, курво?
– Внимавајте, госпоѓо…
– Ако не ми кажеш каде е Алис, ќе му кажам на Фаусто дека ти си ја одвела од куќата!
– Секако дека нема да му кажете, во спротивно, сите ќе дознаат дека ти и Анибал сте љубовници!
Заканата на Кристина беше јасна и кратка.
– Што зборуваш?
– Нема потреба да негирата, госпоѓо! Вашата ќерка ми кажа. Кој би рекол? Бабата љубовница на зетот?! Се прашувам што би рекол дон Фаусто на тоа? Затоа ве имам на рака.
– Кажи ми каде е мојата ќерка, те молам, – Лукреција стана севсна дека залудно би негирала и одрекнувала. Сепак, сега се работеше за Алис.
– Верувајте ми дека не ма да ви кажам. Залудно си го губите времето. Госпоѓица Алис не сака да ве види!
– Сакаш пари? Тоа сакаш?
– Не. Можеби сум курва, како што велите, но не земам мито за се. Затоа тргнете го вашето напудрено лице од пред мене и оставете ме да работам.

Слободниот ден кој го имаше, Марија Грација го искористи да ја среди бараката и да направи домашна вечера за својата фамилија. Додека ги лупеше јаболките за колачот, влезе Моналиса, расплакана и со раскопчана кошула.
– Што се случило, ќерко?, – мајката веднаш помисли на најлошото.
– Не е твоја работа.
– Не биди таква.
– А каква да бидам?
– Имај почит кон својата мајка. Иако не сакаш, јас сум твоја мајка, Моналиса.
– Ти не ја заслужуваш мојата почит. Ти не го ни знаеш значењето на тој збор.
– Моналиса…
– Не ме допирај!
Но, Марија Грација не се предаваше лесно. Цврсто ја зеде својата ќерка за раце и ја седна на кујнската маса. Сакаше да знае што се случило, и немаше намера да се откаже без борба.
– Во што е проблемот?
– Никогаш нема да ме сфати сериозно, – одговори девојката, додека рој солзи течеа од нејзините очи.
– За кого зборуваш?
– За кој друг?
– За младиот Рикардо?, – не беше тешко да погоди. – Колку пати треба да ти кажам дека требa да го заборавиш? Извади го од главата, ќерко.
– Сето ова е твоја вина. Твоја вина што се предаваш лесно, што не се почитуваш самата.
Марија Грација гледаше во својата ќерка и вртеше со главата. Ја болеше срцето слушајки ја како говори.
– Не е моја вина. Таква е нашата судбина.
– Не е судбина, туку тоа што не знаеш да кажеш не! Газдата прави што сака со тебе бидејки ти му дозволуваш.
– Отсекогаш било така ќерко. Уште од времето на твојата баба…Ние жените Анџели сме родени за да им служиме на газдите…на Кастењон. Тоа е нашата горка судбина.
– Јас не ја прифаќам таквата судбина. И ти се колнам дека јас ќе бидам таа која ќе стави крај на истата!, – одлучно рече девојката и стана од масата.
Колку пати и самата имаше помислено да стави крај на таквата судбина, помисли Марија Грација во очај. Но, секогаш нешто стоеше на патот што ја спречуваше во истото.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …