По речиси две години тишина, нашиот познат музичар и текстописец Ris Flower, кој изминативе две години, живее и твори во Ротердам, Холандија, се враќа на музичката сцена со нов сингл – „Velvet “. Овој сингл е најава за неговото ново ЕП со наслов “CYCLE”, кое ќе биде објавено на 18 септември 2025 година.
Во мај 2023 година, Ris Flower го издаде својот прв албум “FLOW”, кој содржи 13 песни, кој покрај македонската, доживеа и интернационална промоција во живо низ Источна Европа и Јапонија. По оваа интензивна фаза, RIS FLOWER направи пауза – време посветено на лични промени, преселба, татковство и внатрешен раст.
Првиот сингл од новото ЕП, „Velvet “, е тивка, емотивна композиција што зборува за човечноста и нежноста во време на промени, а Ris ја опишува како:
Но, „Velvet“ сега носи посебна тежина и длабока лична посвета – на прерано починатиот коавтор, гитарист, аранжер и продуцент на песната – Кристијан Волчев. Неговите гитарски линии и музичка магија се втиснати во срцето на оваа композиција.
„Ова ЕП е мој начин да ја задржам светлината што тој ја сподели – како траен, убав спомен на еден драг пријател и маестрален музичар. Почивај во мир, Кристијан. “
Новото ЕП кое ќе излезе на 18ти Септември ќе содржи 4 песни, секоја од нив дел од внатрешното патување на Ris Flower. Тоа не е само музика – туку искрена приказна за губење, повторно наоѓање и прераснување во нова верзија од себеси.
Интернационална екипа која работеше на проектот:
„VELVET “
· Музика: Ris Flower (Борис Цветановски) и Кристијан Волчев
· Текст: Ris Flower
· Аранжман: Кристијан Волчев
· Микс: Марејн Никерк
· Мастеринг: Mnaudioengineering, Ротердам
· Вокали снимени во: MPA Studio, Ротердам
· Инструменти снимени во: Sweet4lab Studio, Малта
· Гитара и бас гитара: Кристијан Волчев
· Пратечки вокали: Марија Цветановска
Визуелна продукција:
· Дизајн на омот: Хун Дан Нгујен
· Фотографија за омот: Лилиан Милер
· Фотографија: Тина Ли
Дани | ТВ Пакет