Почетна / Филм / Велигден на Телма со документарец за Доналд Трамп, кумот на Менхетен

Велигден на Телма со документарец за Доналд Трамп, кумот на Менхетен

Познат по својата непредвидлива политика, непредвидливото однесување и вербалните провокации, Доналд Џеј Трамп, 45-тиот претседател на САД го фрли светот во паника.

Популистички милијардер, индивидуалист, заштитен во придружба составена претежно од неговото семејство, човек кој е компулсивен кога е во прашање неговата судбина, Доналд Трамп сака да биде мразен од неговите опоненти: политичкиот естаблишмент, американското лево крило и интелектуалците.

Но, освен начинот на кој медиумите го прикажуваат, кој е навистина Доналд Трамп? Истражувајќи ја неговата лична историја, функционирањето на неговата личност, недостатоците и слабостите што ги крие, но и неговите квалитети, овој документарец дава уникатен портрет на овој човек за да се разбере како стигнал на врвот. Телма телевизија, понеделник, 17 април, 19.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!