Ѕвездата од „1001 ноќ“, позната како Шехерезад од сега ќе ја гледате во нова играна серија и тоа секоја сабота и недела во 19.50 часот, веднаш по централниот Дневник.

Трогателна драма која ќе ни го претстави емотивното патешествие на една жена која ќе мора храбро да се бори да ги одгледа своите три сина, надминувајќи ги горчливите животни предизвици. Напуштена и изневерена од сопругот Хасан, Зухал ќе започне да гради нов живот за да го извлече своето семејство од болката и сиромаштијата.

За оваа мајка, смислата на животот ќе останат само нејзините деца. Децата кои ќе треба да ги израсне како знае и умее. Децата за кои непроспиените ноќи нема да имаат никакво значење и децата за кои е подготвена да направи сѐ за да ги изведе на прав пат. И сето тоа во очај, гнев и немоќ, но и во судир со околината која често има погрешни сфаќања.

Велат дека вистинската љубов не постои на ниту едно друго место освен во срцето на мајката. Солзите во нејзините очи ќе болат најсилно затоа што на почетокот на секоја приказна постои приказната на нејзината љубов. Приказната за мајката со која ќе сочувствуваме и во која длабоко ќе веруваме.

Омилената актерка на публиката во нова животна приказна.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
