Почетна / Сапуници / Турскиот Бред Пит во новата вечерна серија за „Семејството“

Турскиот Бред Пит во новата вечерна серија за „Семејството“

Аслан Сојкан е млад човек кој е водач на криминалниот семеен бизнис. Откако неговиот татко извршил самоубиство пред 5 години поради некои психолошки проблеми, Аслан го презема семејниот бизнис.

Тој се бори да ги балансира спротивставените барања на своето семејство со оние на мафијашкиот свет што го контролира.

Девин, од друга страна, е млад и успешен психолог. Таа е израсната без љубов и се обидува да направи сè што може за да се справи со семејните проблеми. Нејзината мајка има биполарно растројство, додека нејзината сестра страда од гранично растројство на личноста. Од чиста случајност, животите на Аслан и Девин се преплетуваат.

Тие се среќаваат на истиот лет за Истанбул, од кога и започнува нивната љубовна приказна. Девин одеднаш влегува во големото и комплицирано семејство Сојкан. Таа мора да се справи со својата идна свекрва Хулија Сојкан, која е силна, доминантна и опасна жена со која и претстои силна борба за моќ и докажување.

Госпоѓата Хулија има нарцисоиден и одмаздољубив пристап која по ниедна цена не сака да ја изгуби својата моќ во семејството. Таа сака сите во семејството да ги почитуваат нејзините правила.

Додека се справува со хаотичниот семеен бизнис, Аслан ќе треба да пронајде рамнотежа во своето семејство. Тој има за цел да ја заштити својата сакана Девин од неговото семејство, но и да го прифати темното минато на семејството и да продолжи да работи за нив.

Нова емотивна драма од продукцијата која ги создаде најгледаните телевизиски серии (Лисјата, Езел, Плачот на виолината, Фатмаѓул, Притаени страсти). Од понеделник до петок во 22.30 часот – играната серија за Семејството, веднаш по завршувањето на епизодата од “Шербет од брусница”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љубовната сапуница „Потрага“ од понеделник до петок на Канал 5

Тарик Караџај e богат и моќен бизнисмен, чиј живот се менува по убиството на неговата …

error: Содржината е заштитена!