Почетна / Серии / Српската серија „Светски прваци“ секоја сабота и недела на МРТ 1

Српската серија „Светски прваци“ секоја сабота и недела на МРТ 1

Телевизиската серија „Светски прваци“ раскажува за историјата на кошарката во поранешна Југославија, преку прикажување на повеќе временски периоди започнувајќи од 2001 година, за време на Европското првенство во Турција, и се навраќа на клучните моменти што довеле до освојувањето на првото злато на репрезентацијата во Љубљана во 1970 година.

Младата новинарка Невена добива задача да сними документарен филм за претстојното кошаркарско првенство, но бидејќи таа не знае ништо за овој спорт, по случаен разговор со својот дедо, таа дознава дека се што и треба.

Дедото (Раде Шербеџија) е “виновникот” за првиот кош во Југославија на тврдината Калемегдан. Тој е делот од мозаикот кој недостига за славата на најважната генерација на југословенски кошаркари кои достигнале небесни успеси.

Телевизиската серија „Светски прваци“ преку прикажување на личните приказни преплетени со историски мотиви, го прикажува развојот на кошарката и нејзиното влијание врз општеството.

Серијата се емитуваше на Алфа телевизија пред две години, а сега и на МРТ 1 секоја сабота и недела во 20.20 часот на МРТ 1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Серијата „Алба” од Нетфликс сега ексклузивно и на ТВ Телма

Младата Алба, студентка со иднина пред себе, се враќа во својот роден град за време …

error: Содржината е заштитена!