Во познатиот попладневен термин – 16.15 часот, на Алфа и во 20 часот на Балкан Мјузик ТВ се емитува новата, петта сезона од музичко-забавната емисија „На здравје“. Првите емисии се снимани во магичното Македонско село, лоцирано на падините на Водно, веднаш до манастирот „Св. Пантелејмон“.
Прекрасната автентична атмосфера на Македонско село, со куќички и конаци од сите краеви на Македонија, се претвори во вистинска сцена за снимање на првите епизоди од оваа сезона. Музичките гости не се штедеа – се пееше, се играше оро, а публиката која ќе ги гледа епизодите ќе може да „замириса“ на традицијата уште преку малите екрани.
Во снимањето учество зедоа голем број познати македонски музички имиња: Анета Љумаковска, Адријана Ацевска, Татјана Лазаревска, Сузана Гавазова, Марјан Коцев, Филип Стојковски, Сандра Милковска, Кристина и Слободан Трајанови, Борче Наумовски Министерот, Орде и група Круна, како и група Модерато.
За дополнителна убавина, тука се и играорците од КУД „Ансамбл Никола Јонков Вапцаров“, кои со својата енергија ја заокружија сликата.
Дани | ТВ Пакет