Почетна / Телевизија / Се укинува ли и Наша ТВ по вонредниот надзор на ААВМУ?

Се укинува ли и Наша ТВ по вонредниот надзор на ААВМУ?

На 9 март, ААВМУ изврши вонреден надзор врз Наша ТВ. Предмет на надзорот беа Со надзорот е констатирано дека РД НАША ТВ ДООЕЛ Скопје не ги исполнува минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и  телевизиско емитување. Врз основа на увид во Податоците од службените евиденции на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (наш бр.03-912/1 од 09.03.2026 година) констатирано е дека бројот на вработени во РД НАША ТВ ДООЕЛ Скопје на 09.12.2025 година изнесува 7, на 09.01.2026 година изнесува 6, на 12.02.2026 година изнесува 6, а на 09.03.2026 година изнесува 9 лица.

Имајќи го предвид констатираното прекршување на член 62 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување (Пречистен текст бр. 01-3953/1 од 31.10.2023 година), а согласно член 82 став 1 алинеја 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, според кој Агенцијата ќе ја одземе дозволата за телевизиско или радио емитување пред истекот на рокот за којшто е издадена и ќе го избрише радиодифузерот од регистарот на радиодифузери, по претходно доставено писмено известување, доколку по издавањето на дозволата настанат околности што претставуваат законски пречки за имателот на дозволата да ја врши дејноста, согласно одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се дава следната предлог мерка:

– директорот на Агенцијата да достави предлог до Советот за покренување постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Радиодифузното Друштво НАША ТВ ДООЕЛ Скопје.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предлог за одземање на дозволата – згаснува ли уште една телевизија?

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги изврши редовен административен надзор за исполнувањето на обврските од …

error: Содржината е заштитена!