Почетна / МК Сцена / „Поздрав праќам, брате мој“: Чеде Спасиќ има нова песна и спот

„Поздрав праќам, брате мој“: Чеде Спасиќ има нова песна и спот

Пејачот Чеде Спасиќ ја објави својата најнова авторска песна со наслов „Поздрав праќам брате мој“ за која сними и видео запис.

Зад песната „Поздрав праќам брате мој“ како автори се потпишуваат докажаните Сашо Митковски (музика), Орце Зафировски (текст) и Дамир Имери (аранжман). Снимена е во „Икс-Ел Студио“ кај Дејан Момироски кој го направи и мастерот.

– Често на настапите ме прашуваат кога ќе објавам нова песна, па еве, новиот проект е подготвен и верувам дека ќе и се допадне на јавноста. Очекувајте и во наредниот период нови проекти, вредно работиме со тимот, вели Чеде Спасиќ.

Екранизацијата е дело на продуцентот Зати и неговата продукција, а најголем дел од кадрите се снимени во нашиот преубав Охрид и неговата природна убавина.

Како потсетување, Чеде Спасиќ е еден од нашите најбарани пејачи и често патува кај нашата дијаспора во Швајцарија, Германија и Австрија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!