На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено на претприемачи и стартапи, “The Founder Games”.

Иако вечерниот термин беше со години резервиран за европски и американски крими серии, сега уредништвото на Телма реши да ја прекине таа традиција и одеднаш да го насочи вниманието на редовните гледачи на тој термин кон нешто друго.

“The Founder Games” ги следи основачите на 20 стартапи од 13 земји. Снимањето траеше пет месеци. Камерите беа вклучени во моменти кои обично остануваат затворени за јавноста, ги регистрираа непријатните разговори со инвеститори, планирањето на буџети, несогласувањата меѓу ко-основачите, обидите за спас на производ и останување во натпреварот.

Фокусот на шоуто не се инвеститорите, туку луѓето кои се обидуваат од бизнис идеја да изградат одржлива компанија. Најдобрите тимови добиваат можност за пристап до инвестициски тек од 2 милиони евра. Победничкиот тим добива и патување во Силиконската Долина за директни деловни контакти и отворање потенцијал за влез на глобален пазар.

Создавач и извршен продуцент на “The Founder Games” е Сања Митровска, основач на стартапот Нетворкер од Скопје.
Од понеделник до четврток на Телма телевизија.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
