Почетна / Забава / На 9 јуни во Филхармонија ќе се одржи 11-тото издание на „Виолин Фест“

На 9 јуни во Филхармонија ќе се одржи 11-тото издание на „Виолин Фест“

Во понеделник (9 јуни), со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи 11-тото издание на „Виолин Фест“ – фестивалот каде што соништата имаат гудало, а секоја нота е чекор поблиску до иднината.

„Овде нема натпревар. Нема гламур. Само чиста музика и храбри млади луѓе кои вират како да им зависи животот од тоа. И можеби навистина им зависи – бидејќи кога си млад, а музиката ти е сè, оваа сцена значи повеќе од аплауз. Фестивалот постои за да им даде простор. Звук. Слушатели… И ако некогаш сте се запрашале како изгледа надежта – дојдете да ја слушнете. Во очите на децата. Во движењата на рацете. Во воздухот што трепери од страст.“, вели виолинистот Владимир Костов, идеен творец на овој фестивал.

На сцената, годинава ќе блеснат виолинисти од Македонија, Србија и Косово, а ќе ги придружува пијанистката Марија Вршкова.

Влез е слободен, а фестивалот е поддржан од Министерство за култура и туризам.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рецитал на „Ченг дуо“ во Камерната сала на Филхармонија

Во понеделник, 19 мај, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе …

error: Содржината е заштитена!