Почетна / Телевизија / Јубилејниот концерт на Нокаут на СРЦ Кале велигденски на МТВ 1

Јубилејниот концерт на Нокаут на СРЦ Кале велигденски на МТВ 1

НОКАУТ и Авалон Продукција после 20 години се вратија на местото каде што Нокаут го одржа првиот голем концерт во СРЦ Кале, во организација токму на Авалон Продукција. Во октомври минатата година се одржа големиот концерт на Нокаут, кој го снимаше Македонската телевизија. По повод големиот христијански празник Велигден, денеска во 20.15 часот, на првиот канал на МТВ ќе се емитува снимка токму од овој настан.

„Лебедот бел”, големиот хит на “Нокаут” прекрасно звучеше во изведба на Јорданчо од Велес, кој е лице со аутизам. Гест за аплауз на славеничкиот концерт на „Нокаут” во СРЦ Кале е што го поканија ова талентирано момче кој е нивен голем фан. Концертот во СРЦ Кале беше концерт полн емоции, среќна публика и добро подготвен бенд на сцената.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одобрена е продажбата на Парамаунт за осум милијарди долари

Американските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!