Почетна / Телевизија / Јавен конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор на МРТ

Јавен конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор на МРТ

I. Кандидатите кои ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве услови:
– да се државјани на Република С. Македонија,
– да имаат високо образование,
– да поседуваат знаење и најмалку 5 (пет) години искуство од областа на финансиското и сметководственото работење и
– да ги исполнуваат условите утврдени во член 127 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

II. Кандидатите на Јавниот конкурс со пријавата треба да достават:

– Уверение за државјанство – (не постаро од 3 месеци),
– Диплома за завршено високо образование,
– Кратка биографија – (СѴ),
– Потврда за пет години искуство од областа на финансиското и сметководственото работење,
– Изјава за неспоивост на функции согласно со член 127 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – (заверена на нотар).

III. Кандидатите за членови на Надзорен одбор на МРТ поднесуваат пријава за конкурсот со соодветни докази за исполнување на бараните услови, во затворен плик со назнака (за учество на Конкурсот за Надзорен одбор на МРТ) преку Архивата на ЈРП МРТ или преку пошта до ЈРП МРТ Булевар „Гоце Делчев“ број 18, 1000 Скопје.

IV. Конкурсот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на програмите на МРТ.

Датум на објава: 23.05.2025

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ со пријава до ОЈО Скопје за заканите кон новинарот на Канал 5

По емисијата од средата (19 март) на “Само Вистина”, новинарот и уредник Александар Видиновски добил …

error: Содржината е заштитена!