Почетна / Серии / Доку серијал за мистериозниот „Хавански синдром“ на Телма

Доку серијал за мистериозниот „Хавански синдром“ на Телма

Документарната серија Havana Syndrome: America Under Threat е трилерска истрага што ги открива мистериозните здравствени инциденти кои од 2016 година ги погодија стотици американски дипломати и разузнавачки службеници ширум светот.

Познати како „Хавански синдром“, овие случаи вклучуваат симптоми како главоболки, губење на меморијата, зуење во ушите и вртоглавица, за кои жртвите тврдат дека се резултат на невидливи напади со напредна технологија.

Серијата, режирана од Артур Бувар и Жил Жиро, комбинира ексклузивни интервјуа со високи официјални лица, сведоштва на жртвите и истражувања на новинарите, за да понуди нови сознанија за оваа глобална закана што ги вознемири американските разузнавачки служби.

Првиот дел ќе го гледаме во петок (6 јуни) , а вториот дел во недела (8 јуни) во прајмтајм на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во низата репризи на Телма се и „Најголемите грабежи во историјата“

Репризно лето на Телма – History’s Greatest Heists во 13.45 часот. Од создавањето на валутите, …

error: Содржината е заштитена!