Почетна / Телевизија / Дали графиката на веб страната на Алфа заглавила пред 20 години?

Дали графиката на веб страната на Алфа заглавила пред 20 години?

Дали македонските телевизии во целост се заглавени во период од пред 20 години? Дали македонските телевизии се уште користат застарен визуелен стил со графика од 2005–2010 за уредување на своите веб страни, генерички фонтови без визуелен идентитет, лош лејаут без визуелна структура и без никаков брендиран визуелен систем со модерни UI елементи? Дали нашите ТВ слушнале за динамичка резолуција која нема да изгледа како стара PNG телевизиска графика, туку на веб-UI за 2026та година?

Погледнете како изгледа графиката за најава на содржини на веб страната на македонската Алфа телевизија :

И споредете со графиката на сајтовите на регионалните телевизии.

Регионалните телевизии се во чекор со времето, па така може да се забележат големи hero слики, кино-стил фотографии, модерни overlay елементи. Освен за Хрватска, браво и за Црна Гора каде вистински професионалци очигледно работат на приказ на содржините на веб страните на нивните телевизии:

На српска кабловска телевизија, исто имаме професионална студиска фотографија, надополнета со силно брендирање, осветлување и модерен темен UI.

Ништо поразличен не е ниту пристапот на албанските телевизии кон уредување на нивните сајтови. Модерно, светски, визуелно ефектно.

Па така, кај нив исто имаме 3D студио графика, иамме дигитална карта, динамични светла и еден цел broadcast пакет.

Секоја чест и за европска Бугарија …

… како и за сите останати телевизии во регионот кои не само што вложуваат во ТВ програма, туку и во web и motion дизајнери за своите веб страни.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИНРЕКОМ со краток сублимат на годишнешниот извештај од ЕК

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје и оваа година направи краток сублимат и …

error: Содржината е заштитена!