Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Бугарската Нова ТВ го почна снимањето на лиценцираното шоу „Desafío“

Бугарската Нова ТВ го почна снимањето на лиценцираното шоу „Desafío“

Бугарската национална телевизија Нова со полна пареа се подготвува за новата ТВ сезона. Реалното шоу „Игри на волја“ е една од франшизите која се враќа на голема врата со нова сезона токму од септември. Се работи за лиценцирана верзија на колумбиското шоу – Desafío. 

Снимањето на седмата сезона на авантуристичкото реално шоу веќе започна, а во меѓувреме официјално беше објавено кој ќе биде новиот водител. Тоа е музичарот Павел Николов, кој беше меѓу натпреварувачите во минатогодишната сезона и стана еден од најзапазените учесници.

Оваа година се враќа во „Игри на волја“, но како водител, заменувајќи го претходниот – Димо Алексиев. Во својата нова улога во шоуто, Павел Николов ќе ги пречека новите племиња заедно со водителката Ралица Паскалева

Во седмата сезона, битките меѓу племињата повторно ќе се одвиваат во Дивиот Север на Бугарија, а NOVA навестува дека оваа година, шоуто ќе има и пресврти што ќе ја променат играта. „Игри на волјата“ се враќа во септември, но точен датум сè уште не е објавен.

Дали и македонските телевизии воопшто подготуваат нова сезона со ваков тип на франшизи или тоа останува сепак научна фантастика за оваа земја?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Нашиот Никола Станишиќ е победник на „Звездите на Гранд“

Никола Станишиќ од Македонија е победник на балканското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната …

error: Содржината е заштитена!