Бугарија ќе учествува на престижниот Евровизиски натпревар, кој ќе го прослави своето 70-то издание во 2026 година. “Враќањето на нашата земја е дел од напорите на Бугарската национална телевизија за промоција на бугарската култура и талент пред меѓународната публика.Евровизија е сцена каде што се среќаваат културите и се споделуваат приказни.

БНТ ги поддржува талентираните уметници и ние сме среќни што повторно можевме да му дадеме можност на еден бугарски уметник да ја претставува нашата земја пред милионска публика“, рече генералниот директор на БНТ, Емил Кошлуков. „Многу сме возбудени што БНТ се враќа назад во евровизиското семејство по тригодишна пауза. Нивното враќање е уште еден доказ дека остануваме обединети преку музиката, како и огромната популарност на натпреварот“, рече директорот на Евровизија, Мартин Грин.

Следните месеци ќе бидат посветени на подготовките поврзани со изборот на бугарски уметник и песна што ќе ја претставува Бугарија на најголемата музичка сцена во Европа. Деталите за форматот и учеството ќе бидат објавени подоцна.
За жал Македонија преку МРТ повторно откажа учество на Евровизија и покрај заинтересираноста на публиката и европските евровизиски обожаватели кои чекаа позитивна вест од МРТ, но сепак не ја добија.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
