Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Албанија со своја лиценцирана верзија на шоуто „Got Talent“

Албанија со своја лиценцирана верзија на шоуто „Got Talent“

Албанија сигурно и интензивно чекори кон Европската Унија. Настрана целиот процес на интеграција, кој не е во наш домен на интерес, тука ќе се осврнеме на една вест која очигледно ја става Албанија на рамо до рамо со европските комерцијални телевизии.

Имено, од оваа сезона на албанската тв Vizion Plus се емитува домашна верзија на познатата франшиза на Сајмон Коуел. Albania’s Got Talent ја заврши успешно и со високи рејтинзи својата прва сезона, а за следната телевизиска сеозна 2025/2026 е најавена втора сезона од популарното талент шоу.

Аделина Исмаили, Кастро Зизо, Ледина Чело и Агрон Љакај се дел од жирито во албанската верзија, а победник на првата сезона беше младиот Тристан.

Сите Албанци од Албанија, Косово и Македонија се добредојдени да учествуваат во овој светски формат и со тоа да застанат на сцена која ни малку не се разликува од светските шоу сцени.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Хрватска и Бугарија – светски ТВ шоуа, на македонските тв – подкасти

Подкастот е програма достапна во дигитален формат за преземање и следење преку интернет. Типично, подкастот …

error: Содржината е заштитена!