Неверојатната серија за итната служба на ,,9-1-1” ги истражува тензичните искуства на полицајците, пожарникарите и диспечерите кои ќе се најдат во неочекувани и стресни ситуации.

Сè започнува со еден повик до службите за итни случаи чии вработени треба да ризикуваат сè, вклучително и сопствениот живот, за да ги спасат луѓето од најопасните ситуации во кои свесно или несвесно се нашле во тој момент.

Да се победи предизвикот не е воопшто лесно, но да се реши и нерешливото ќе остане една од најтешките задачи за овие големи и хумани херои.

Од понеделник до петок на полноќ ја следиме возбудливата американска серија “9-1-1” ексклузивно на Сител.
Дани | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				