Почетна / Филм / Адреналинска драма за светот на боксот без ракавици во петок на Телма
Премиера доживеа на Toronto International Film Festival во 2019та година

Адреналинска драма за светот на боксот без ракавици во петок на Телма

Филмот “Лавовска борба” го истражува комплицираниот однос на братска љубов помеѓу браќата Камински, Стенли и Лион, кои работат во фабрика во Фол Ривер, Масачусетс и заработуваат колку за да преживеат. Тие сонуваат да се преселат во сончевата Калифорнија и таму да отворат хемиско чистење, но околностите не им дозволуваат да успеат.

Тие се мачеа низ животот, но секогаш едвај врзуваа крај со крај. Нивната единствена надеж да избегаат од Фал Ривер е Лион (лав) – боксер кој боксува без ракавици и има суров, животински талент и природна дарба за борба. Стенли се нарекува себеси „мозокот на операцијата“, дејствувајќи како мотивациски тренер и бизнис менаџер на Лион.

Борбите почнуваат, Стенли зема големи облози, но, Лион ќе го загуби мечот. Стенли сега е во големи долгови и мора да го испрати Лион да се бори во Џунглаленд. Дали ќе може да победи и дали Стенли ќе си го плати долгот, дознаваме во петок, 16ти јуни на Телма во 22.15 часот

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Психолошкиот трилер „Мојот ангел“ во недела на 16 јуни на Телма

Лизи Менинг е разведена и емотивно нестабилна жена која се бори за старателство над својот …

error: Содржината е заштитена!