Во стандардниот и добропознат термин за љубителите на теленовелите – 13.45 часот, наместо нова серија од преку океанот, Телма телевизија со реприза на италијанска сапуница.

Имено, се работи за серијата “Женски рај” чии први 240 епизоди (односно три сезони) беа два пати досега емитувани на ТВ 24.

Покрај тоа, за корисниците на стриминг платформата Пикбокс, истите сезони веќе беа и таму емитувани со македонски титл. Така да, овие епизоди кои ќе одат на Телма веќе најмалку три пати беа прикажани за македонските гледачи.

Наместо да понуди премиерна и свежа програма за своите гледачи, Телма телевизија се одлучи за репризи. И тоа реприза на серија и сезона која веќе е репризирана, како што напоменавме.

Прашуваме, дали постои закон кој ќе ги уредува телевизиските програми во однос на тоа колку пати смее одредена содржина да се емитува на иста територија? Дали со вакви репризи, значително се намалува квалитетот и разновидноста на програмската понуда во споредба со земјите од регионот?

Додека во соседните земји, има наплив на нови грчки драмски серии, латиноамерикански теленовели и шпански драми, кај нас се емитуваат репризи на репризите.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
