Вчеравечер во Универзалната сала се случи првиот концерт на „Љубојна“ од двата закажани за овој викенд. Она што се очекуваше – тоа и го дадоа, насмеани лица полни со импресии ја напуштија салата по завршувањето на тричасовниот концерт.

Вокалистката Вера Милошевска и тринаесетте музичари на сцената беа дочекани со огромен аплауз, малку и требаше на многубројната публика да стане на нозе и да аплаудира во ритамот на музиката. Веселиот предновогодишен концерт ќе се повтори уште еднаш вечерва со почеток во 20:30 часот.

Секоја песна на „Љубојна“ беше наградена со огромен аплауз, но кулминацијата очекувано се случи на големиот хит „Твоите очи, Лено“.


Фото: Утрински
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
