Почетна / Телевизија / Фото | Телевизија Сител ја сними Новогодишната програма

Фото | Телевизија Сител ја сними Новогодишната програма

 

Сител телевизија веќе е подготвена за дочекот на 2015-та година.

 

 

Вчера во студиото се собраа многу популарни пејачи, актери и други ѕвезди кои направија вистински новогодишен џумбус. Кога на едно место ќе се слушнат песни од Цеца, Даниела Мартиновиќ, Маја Оџаклиевска, Тајчи, Бјело Дугме… секој ќе помисли дека се работи за уште едно издание на популарното шоу „Твоето лице звучи познато“, но всушност се работи за Новогодишната програма на Сител за која повеќе детали ќе дознаете набрзо преку промоата што ќе бидат емитувани.

 

 

Многу музика, забава, интересни ликови, смешни ситуации и среќни лица, оваа година најгледаната телевизија во Македонија на најлудата вечер ќе понуди нешто навистина специфично.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекршочни за непочитување на изборниот молк до ТВ 24 и Вистел

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!