Во рамките на фестивалот „Докенритам“ во Белград на 11 јуни ќе бидат прикажани и два македонски музички документарни филмови – за Кирил Џајковски „Современа музика за современото доба“ на Ненад Георгиевски и филмот „The Hip“ во режија на Јане Алтипармаков.

Филмовите се дел од категоријата „Земја во фокус“ на фестивалот, со акцент на Македонија.
Фестивалот „Докенритам“, кој е фестивал за музички документарни филмови, ќе се одржи во Студентскиот град во Белград од 8 до 11 јуни. Неговата програма, покрај филмската, се состои од дебати и промоции на книги.

Гостувањето е во рамките на соработката помеѓу здружението Номад-Арт од Скопје и фестивалот „Докенритам“.
Дани | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				