Почетна / Забава / ТВ Пакет дели гратиси за концертот на Јаневски

ТВ Пакет дели гратиси за концертот на Јаневски

 

Предновогодишна забава со Владо Јаневски на 28. декември. Безвременските љубовни балади ќе згрмат на сцената на новогодишниот концерт што ќе се одржи во ЕКСПО ценатар, а најверните читатели на ТВ Пакет ќе добија гратис влезници за овој концерт. Се што треба да направите е да ни пишете во ИНБОКС на нашата Фејсбук страница, најбрзите ќе бидат наградени со билети.

Оние што нема да добијат гратиси можат да си набават влезница во Југотон, Камарад-Рамстор, цвеќарница Розе- Веро 2 и преку продажната мрежа на МК Тикетс. Нивната цена ќе расте со прогресија, па така до 26-декември изнесува 200 денари, на 27-ми и 28-ми (петок и сабота) ќе биде 250 денари, а вечерта пред самиот настан на вратата на Експо Центар билетите ќе се продаваат по цена од 300 денари. Забавата ќе започне на полноќ, се гледаме таму.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!