Почетна / Забава / ТВ Пакет дели гратиси за забавата со ДЈ Курд Маверик

ТВ Пакет дели гратиси за забавата со ДЈ Курд Маверик

 

Меѓународниот суперстар диџеј и водечки светски ремиксер на Robbie Williams, Bob Sinclair, Boy George, Eric Morillo и други,  етаблираниот Kurd Maverick од Spinnin Records ќе ја забавува публиката во Експо Центар за Новогодишната ноќ. Еден од најголемите хитови на денешницата „Hell Yeah” е неприкосновен хит на човекот кој го нарекуваат господар на хаус музиката, а траката има и своја верзија со добитникот на Греми наградата Jermain Dupri.

 

На 31-ви Декември скопската публика ќе ја има можноста да се забавува со нумерите на Курд кои го етаблираа како светски продуцент: Let the bass kick,римејкот на Pump up the jam за Ministry of Sound, The Rub, Let’s work, Strings of Tortuga, Love Sensation, како и химната на неговиот клуб „Ring Ring Ring” (од De La Soul). Продуцентот ќе има домашна поддршка од диџеите од Антена 5 радио Никифор, Ицко и Лефанк.

Влезниците за најголемата и највозбудлива новогодишна забава се пуштени во претпродажба во Југотон, Камарад Рамстор, Цвеќарница Розе (Веро2) и на сите продажи места на МК Тикетс по цена од 400 денари до 29-ти декември (недела), а на 30-ти и 31-ви ќе се продаваат по 500 денари.

Како празничен подарок од Експо Центар, првите 500 влезници ќе бидат по супер празнична цена од 300 денари, а порталот ТВ Пакет за најбрзите ќе одвои по две влезници за настанот. Веднаш влезете на Фејсбук страницата на ТВ Пакет и во инбокс пратете ни барање за гратиси.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!