Почетна / Серии / Српските телевизии целосно ги укинуваат турските серии?

Српските телевизии целосно ги укинуваат турските серии?

 

Додека македонските телевизии ги имаат откупено сите можни турски серии, од оние најстарите па се до овие што сеуште се снимаат, Србија од друга страна врши „терор“ врз гледачите на турските серии така што една по една, полека но сигурно ги укинува!

 

 

По укинувањето на „Очајни домаќинки“, „Карадај“, „Прости ми“ и многу други турски серии, на ред дојде и „Не грижи се за мене“. Серијата започна во терминот 17 часот, па поради слабата гледаност набрзо прејде во 14 часот, оваа недела заврши со своето прикажување на Пинк, заклучно со крајот на првата сезона. Втората сезона од оваа серија нема да биде емитувана на Пинк.

Во скоро време се очекува и укинување на уште две турски серии и тоа „Долина на волците“ која се емитува на Хепи ТВ и „Љубов, верa и надеж“, Прва ТВ.

Во Македонија овие серии сеуште се на врвот според телевизиските рејтинзи. Периодов најгледани се „Сила“ и „Мирниот сокак“, двете емитувани на Сител телевизија.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РТС и оваа сезона инвестира во неколку нови српски серии

Почнувајќи од 15 септември, секој ден српските гледачи ќе гледаат нови домашни серии на РТС. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!