Почетна / Забава / Од вечерва нова сезона на урбани забави во Скопје кафе

Од вечерва нова сезона на урбани забави во Скопје кафе

 

Големо отворање вечерва: Започнува новиот концерт на урбани забави во Skopje Café

Нова приказна и нов концепт на урбани забави во срцето на Скопје. Вечерва – отворање на новата сезона во Skopje Café.

 

 

Од 31 јануари, со почеток во 21.30 часот, скопјани ќе имаат можност да бидат дел од новиот концент на забави и да се забавуваат заедно со диџеј Бабура Јуниор и диџеј Мастер М со најслушаните хаус и хип-хоп хитови во Скопје кафе. Од оваа па секоја следна сабота тимот најавува незаборавни забави, во една сосема друга димензија. Различни тематики на журки, супер промоции, квалитетни диџеи, убави луѓе и многу изненадувања. На забавите се поканети сите оние кои сакаат да си поминат одлично, да ја разбијат монотонијата и да почувствуваат различна позитивна енергија, онаква каква што и фали на ноќниот живот во Скопје. Затоа не се размислувајте, резервирајте си го вашето место навремено и бидете дел од новата приказна во срцето на градот!

Бидете дел од спектакуларното отворање – за повеќе информации кликнете на следниот линк

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарен концерт на виолинистот Роман Симовиќ и институтот „ФЕЈМС“

На 29 април, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи хуманитарен концерт со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!