Почетна / Забава / ОВА ЛЕТО ЌЕ СЕ ПАМТИ: Лозано со видеоспот за неговиот најнов хит

ОВА ЛЕТО ЌЕ СЕ ПАМТИ: Лозано со видеоспот за неговиот најнов хит

 

„Ова лето ќе се памти“ – е најновиот летен хит на еден од нашите најпознати пејачи – Влатко Лозаноски. Песната е веќе неколку недели на врвот од топ-листите на радиостаниците низ земјава и несомнено е дека уште долго време ќе остане така…

 

 

А, очекувано, Лозано и овој пат не го промени тимот на соработници. Како автори на оваа песна се потпишува братско-сестринскиот тандем – Лазар и Магдалена Цветковски. Не за бадијала велат: Тимот кој што победува, не се менува…

– Секое лето се памти по нешто добро, по нешто убаво, лето кое никогаш не се заборава … “Ова лето ќе се памти” им ја подарувам на сите оние кои имале, имаат и ќе имаат убаво и незаборавно лето. Веќе подолго време оваа нумера се вртеше по радиостаниците низ цела Македонија. Очекувам и се надевам дека целиот овој пакет ќе им се допадне на сите оние кои ја почитуваат и слушаат мојата музика – вели Лозано.

Песната пред неколку дена го доби и својот видеозапис кој го изработи Бојан Тасетовиќ и неговиот тим од „Веста продукција“ од Битола.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарен концерт на виолинистот Роман Симовиќ и институтот „ФЕЈМС“

На 29 април, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи хуманитарен концерт со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!