Почетна / Забава / Здравје Радово продолжува со кампањата „”Здравје во твои раце”

Здравје Радово продолжува со кампањата „”Здравје во твои раце”

 

Во сабота, 08-ми август, во центарот на Охрид ќе се шират здрави навики, ќе се спортува, дружи, подарува, како и конзумира најздравиот пијалок на денешницата, јогуртот. Ова е настан кој ќе ги обедини сите поборници за здрав живот, вљубеници во велосипедизмот, како и зависници од спортот и здравите навики.

 

 

На самиот настан ќе се реализира и акцијата Велoдарност, во која ќе бидат донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства во Охрид.

„Здравје во твои раце” ќе биде неколку часовно дружење за сите рекреативци и сите оние кои сакаат да спортуваат и да одржуваат здрави навики како и здрав начин на живот.

Здравје Радово најави уште неколку вакви активности за ова лето чиј фокус се однесува на здравите навики и среќните лица.

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ристе Ристески беше гостин на концертите на Цетински во Сава Центар

На крајот на ноември, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!