Песната на Раде Врчаковски – Врчак се пееше во една од епизодите на популарната германска серија „Аларм за кобра“ којашто се емитува на Сител телевизија. Оваа епизода ќе биде емитувана во понеделник околу 23:30 часот.

Приказната на епизодата од дваесеттата сезона снимена 2015/16 година во којашто еден од дилерите ја пее „Повторно сам“ од Врчак е сместена на Балканот и се зборува за кралот на мафијата кој владее со овие простори.
* Целата епизода погледнете ја во понеделник 23:30 на Сител телевизија
| ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
