Попладнево во 15:45 часот машката ракометна репрезентација ќе ја стартува новата мундијалска авантура, почнувајќи го учеството на 23. Светско првенство во Шпанија. Денеска се играат 11 натпревари и освен во групата Д каде Шпанија го победи Алжир (27:14) стартуваат сите репрезентации, така да слободно може да се каже дека денеска е вистинскиот почеток на Светското првенство во Шпанија. Натпреварот помеѓу Македонија – Чиле ќе се пренесува во 15:45 часот на Сител телевизија. Подгответе ги вашите црвено-жолти реквизити и гласно навивајте за нашите шампиони.

Крис Манев | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				