Почетна / Телевизија / Вие одлучувате – дали Македонките одат во финале на „Ѕвездички“?

Вие одлучувате – дали Македонките одат во финале на „Ѕвездички“?

 

Во петок во живо на Сител во 21 часот – започнуваат финалните емисии

 

Овој петок во живо во самата завршница на натпреварот, вие одлучувате по прв пат кој ќе се пласира во големото финале на втората сезона на мега шоуто “Пинкови ѕвездички”. Ексклузивно, најгледаната македонска телевизија Сител заедно со каналите на Пинк во регионот, ќе го емитува првото полуфинале во кое ќе слушаме и гледаме 17 балкански ѕвездички.

 

 

Мартија, Антониа и Елена се трите Македонки кои успеаа да се пласираат во првото полуфинале. Очекувајте ги броевите за гласање во петок и сите заедно да ги однесеме до големото суперфинале. Балканските медиуми ги сметаат за најголеми кандидати за победа, а вие, почитувани гледачи и читатели, бидете дел од магичната петочна вечер и гласајте за нашите три девојчиња.

Очекувајте спектакл кој не се пропушта.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За време на лето, српските телевизии емитуваат само премиери

За разлика од добар дел македонските телевизии, кои најголем дел од термините за време на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!