Почетна / Забава / Евровизија / Боите на Eстонија во мај ќе ги брани младиот и надежен пејач

Боите на Eстонија во мај ќе ги брани младиот и надежен пејач

 

Вака ќе звучи Естонија на Евровизија во мај

 

Естонија настапува на Евровизија уште во 1994 година и својата прва победа ја остварува на својот седми настап, во Копенхаген во 2001 со песната Everybody, за која многумина велат дека е една од најлошите песни победнички досега. Интересно е што земјата имала доста подобри песни од победничката, а не успела да освоитаков успех пред тоа па и после тоа.

 

 

Но, последните години поради концептот на Eesti Laul, национален избор кој секоја година добива се повеќе популарност тие се препознатливи и по навистина квалитетно одбраните песни. За во Стокхолм, своето учество го потврдија уште на 26 мај минатата година. Осмото издание на Eesti Laul се оддржа 13, 20 февруари и финале на 6 март. Од 20 песни само 10 се пласираа во финале, каде што убедливата победа со 3,898 гласови од публиката и најмногу гласови од жирито ја однесе фаворитот Jüri Pootsmann.

 

Jüri Pootsmann има 21 година и е нова ѕвезда на естонската музичка сцена. Препознатлив е по својата алтернативен стил на музика, соул глас и е еден од подобрите нови музичари во својата земја. Покажува константен диверзитет во своите композиции и настојува да влијае врз младите луѓе и музиката која ја слушаат. Има неколку синглови издадени во 2015 година кои беа дел од естонските топ листи, а годинава планира да го издаде и својот деби албум.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 земји откажаа учество на детска Евровизија, но наша МРТ потврди

МРТ меѓу првите се пријави за учество на детската Евровизија во Грузија оваа година. Ние …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!