Почетна / Сапуници / Аси наскоро во прегратките на Бали Бег?

Аси наскоро во прегратките на Бали Бег?

 

Еден од најзгодните турски актери, сексипилниот Бурак Озџивит, од есен ќе завладее на турските мали екрани со улогата во серијата „Çalikuşu“, адаптација на истоимениот роман на Решат Нури, авторот на „Кога лисјата паѓаат“. Бурак поради оваа улога го одби ангажманот во крими серијата „41“, кадешто требаше да игра со Небахат Џехре (Величествената).

 

 

Меѓутоа, она што моментално најмногу ја интересира турската јавност, но и самиот Озџивит е идентитетот на актерката која ќе му биде партнерка во адаптацијата на делото на Нури. Според насловите на таблодиите, во игра за главната женска улога моментално се Хазал Каја, Туба Бујукуштун (Аси), Фахрије Евџен (Неџла) и Асли Тандоган (Ламја). Продукциската куќа ТИМС сеуште не ги потврди овие информации, ниту проговори јавно околу серијата.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија, турските серии одат и сабота и недела на националните тв

Српските телевизии убедливо водат по број на емитување на турски серии во целиот регион. Па …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!