Почетна / Сапуници / Ѕвездите на „Дила“ и „Црната роза“ во нова турска серија на Сител

Ѕвездите на „Дила“ и „Црната роза“ во нова турска серија на Сител

 

Во виорот на судбината – доаѓа на Сител телевизија

 

Наскоро на Сител телевизија започнува нова турска серија насловена како “Во виорот на судбината”. Се работи за серија снимена во 2014 и 2015 година, која поради атрактивната содржина и актерска екипа, привлече внимание кај најгледаните телевизии во регионот за да ја откупат. Во “Во виорот на судбината”, главните актери ги толкуваат познатата Дила од истоимената серија и Мурат од “Црната роза”.

Во продолжение ве запознаваме со содржината на серијата :

 

 

Ова е приказна за богатата фамилија Јорукан чија желба за моќ и наследство е посилна од се’ друго. На почетокот, го слават успехот од нивната работа, плодот од нивните плантажи, и посакуваат и понатаму да живеат во мир, благородност и богатство. Но, постариот син на богатството, згодниот Караман е оној кој треба да подари внук наследник во семејството затоа што тоа и се очекува од него. Еден ден, неговата жена Дефне дознава дека Караман имал афера, ќе се скара со него и ќе доживее сообраќајна несреќа во која ќе го изгуби детето што го носи во себе. Дефне ја губи и можноста повторно да забремени и да има деца.

 

И по неколку години, мајката на Караман ја прекорува Дефне затоа што не може да има деца и да донесе наследник на лозата. Караман ги моли родителите да ја прифатат ситуацијата онаква каква што е, и да се соочат со фактот дека снаата нема да им подари внук.
Од друга страна, ја запознаваме убавата Елиф, работничка на плантажата за калинки на Јорукан, чиј татко Дурмуш сака со сила да ја омажи за Максут. Елиф не го сака Максут и не сака да се омажи за него, и покрај настојувањето од татко и и Максут. Изнервиран од противењето на Елиф, татко и ја претепува и во обид да ја спаси ќерката, неговата жена и мајка на Елиф го удира со камен и го убива. Мајката на Елиф завршува во затвор, а сестрата на Елиф во болница. Елиф е во безизлезна ситуација и тогаш доаѓа неочекуван предлог од страна на госпоѓата Кијмет, мајката на Караман.

 

 

Таа и предлага на Елиф да стане сурогат мајка, односно да го носи плодот на Караман и Елиф во нејзиниот стомак девет месеци, да го роди и да им го предаде, а за возврат да ја извади мајка и од затвор и да и помогне парично. Елиф го прифаќа предлогот, мислејќи дека сето тоа ќе помине по девет месеци и дека по девет месеци повторно ќе биде со својата сестричка и мајка. На тоа се согласуваат сите, па и Караман и Дефне. Но, никој не го знае задниот план на госпоѓата Кијмет. Таа со докторот планира нешто друго. Со оглед на тоа дека Дефне е стерилна, таа не може да има деца од нејзини јајце клетки, па затоа Кијмет и докторот се договараат детето кое ќе го носи Елиф да биде дете од јајце клетката на Елиф и спермата на Караман.

 

Се’ тече по планот, фамилијата добива наследник и сите се среќни, но… работите полека почнуваат да излегуваат на виделина. Елиф дознава дека детето е всушност нејзин син, нејзин плод, и сака да си го врати назад. Почнува да се раѓа една нова магична љубов меѓу Елиф и Караман, но за многумина таа љубов не смее да се оствари и да се дознае вистината за детето.

Улоги : Özcan Deniz, Hatice Şendil, Begüm Kütük Yaşaroğlu, Gürbey İleri, Metin Çekmez, Gül Onat, Goncagül Sunar

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Конечно се открива вистината во „Мојот вујко“ на Сител

По долгото топло лето, време е да се открие она што гледачите долго го чекаа. …