Почетна / Сапуници / Хрватските серии на Телма и Алфа со викенд репризи

Хрватските серии на Телма и Алфа со викенд репризи

Неодамна, на Алфа и Телма телевизија започнаа со прикажување хрватски теленовели. “Дубровничка зора” е љубовна драма која се емитува на Алфа секој работен ден во 19.15 часот, веднаш по политичката дебата. Репризата е следниот ден во 15 часот, а покрај таа реприза, од сега и неделни репризи во сабота и недела со почеток во 12.15 часот.

Втората хрватска серија која стартуваше минатава седмица е “Најдобри години” на Телма, исто во продукција на хрватската тв Нова. Семејната комедија се емитува на Телма секоја вечер во 22 часот, со реприза наредниот ден во 16 часот. Покрај таа реприза, Телма ќе емитува и репризи на сите пет епизоди емитувани за работната седмица, и тоа во сабота и недела од 16 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Феноменот “Кога лисјата паѓаат” доби нова надсинхронизација на Алфа

Eмотивната семејна драма прикажувана во 2010 и 2011 година на најгледаната телевизија А1 повторно на …

error: Содржината е заштитена!