Почетна / Забава / Хилари Клинтон ја мерка Кристина Агилера

Хилари Клинтон ја мерка Кристина Агилера

 

Фотографијата на која американската државна секретарка Хилари Клинтон хипнотизирано гледа во градите на пејачката Кристина Агилера, со брзина на светлината се шири на интернет мрежата.

Кристина присуствуваше на свеченоста во State Deparment, кадешто и беше врачено признание за активизмот против глобалната глад. Пејачката привлече многу погледи со своето раскошно деколте, мажите не ги тргнаа очите од неа, но, и некои жени исто така. На нејзините атрибути не остана рамнодушна ниту државната секретарка Хилари Клинтон.

 

 

Daily Mail пишува дека благодарение на Агилера од 2007. година собрани се дури 115 милиони долари за светската организација која се залага за борбата против гладта.

„Слушнав податок дека на секој шест секунди по едно дете умира од глад. Откако и самата станав мајка, едноставно морав да помогнам да се промени таа ситуација“, изјави Кристина гостувајќи кај Опра Винфри.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …