Почетна / Серии / Трилерот „Интернат“ без промо на ТВ Алфа

Трилерот „Интернат“ без промо на ТВ Алфа

 

На прв момент на гледачите не им се веруваше дека спектакуларната серија „Интернат“ конечно пристигна во Македонија, а сега не им се верува дека истата ќе почне да се емитува од понеделник и тоа без никаква промоција. Очигледно е дека уредувачкиот тим во Алфа телевизија не знае колку квалитетна серија има во своите раце, па се однесуваат толку несериозно што едвај напишаа три неатрактивни реченици на порталот како најава за серијата.

 

 

„Интернат“ е серија којашто во матичната земја, Шпанија, се емитуваше во 22 часот, со оглед на тоа дека изобилува со хорор сцени несоодветни за малолетната публика. Во Македонија таа слободно може да се емитува во попладневните часови. Како ќе го оправдаат тоа пред Советот за радиодифузија само тие си знаат. Приказната е мистериозна драма со многу хорор елементи, убиствата на грозоморен начин, трговијата со детски органи и создавањето на смртоносни вируси се нешто што често се сретнува во епизодите. Апелираме до телевизијата оваа серија да добие посоодветен термин, бидејќи не е наменета само за тинејџерите. „Интернат“ е приказна којашто ќе ги трогне сите љубители на длабоките мистерии.

 

 

Алфа не се потруди да собере доволно информации за да на своите гледачи им ја пренесе целосната приказна на она што следува. Ни самите не се свесни колку е важна честата промоција на овој проект, бидејќи се работи за особено комплексна приказна која мора да се следи внимателно за да се разбере. Но за гледачите на телевизиските серии тука сме ние, ТВ Пакет детално ќе одговори на секое ваше прашање.

 

 

„Интернат“ е серија од која ќе ви се заледи крвта, приказна што отвора различни дебати, големи дилеми за минатото и предизвикува стампедо од позитивни критики секаде кадешто се емитува. Приказната во понатамошните епизоди е тесно поврзана со германските нацисти, но тоа треба внимателно да се погледне за да се разбере.

 

 

Серијата е шпанска телевизиска драма / трилер серија со елементи на мистерија, која се фокусира на еден интернат сместен длабоко во шумата, во кој се случуваат страшни, мрачни настани. Серијата започна да се прикажува на 24-ти мај 2007-та година на каналот Антена 3, а заврши на 13-ти октомври 2010-та година. Постигна огромен успех во Шпанија, како и надвор од неа. Кај нас можевте да ја гледате на AXN, а од понеделник во 14:05 часот и на Алфа телевизија.

 

 

Синопсис:

Започнува новата учебна година во интернатот „La Laguna Negra“ (Црна лагуна), престижен едукативен центар сместен во центарот на една шума, во кој учат децата на највлијателните лица во државата. Таа година во интернатот доаѓаат двајца нови ученици, Маркос Новоа Пасос и неговата помала сестра Паула, кои треба да започнат нов живот по исчезнувањето на нивните родители. Исто така, доаѓа новата помошничка Марија, која избегала од психијатарска болница и дошла во интернатот да го најде својот син.

 

 

Од друга страна, неколку ученици, по исчезнувањето на еден од професорите, откриваат разни тајни и мистерии кои се кријат во интернатот, без да бидат свесни за опасноста која ги демне поради една организација што бара скриени богатства во интернатот и друга која наводно тргува со детски органи.

Но, ова е само вовед во приказната, човек навистина не може да предвиди какви моменти серијата ќе прикаже во следните сезони, се ќе започне од подрумот под интернатот, од длабоките тунели кои кријат страшна историја.

 

 

Улоги: Марта Торне, Мартин Ривас, Раул Фернандез, Јон Гонзалез, Карлота Гарсиа, Наталиа Милан, Ана де Армас, Елена Фуриасе и Бланка Суарез.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кошарката живее преку српската серија „Светски прваци” на Алфа

Српска серија која раскажува за историјата на кошарката во поранешна Југославија, прикажувајќи ја преку повеќе …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!