Почетна / МК Сцена / Топла приказна наречена „Македонско девојче“

Топла приказна наречена „Македонско девојче“

 

Вчеравечер во Македонската опера и балет започна музичкиот маратон на Каролина Гочева и нејзиниот оркестар. Топлата приказна наречена „Македонско девојче“, Каролина ја отвори со маестралната песна Кој да ми запее која според сите изјави на пејачката и музичарите е највредното парче од овој музички албум, таа несомнено ќе биде новиот хит на Каролина.

 

 

Со нетрпение секако се очекуваа Чалгиска и Две лири кои претходно имаа свои промоции, публиката со ракоплескање ги ислуша овие две песни што беа испеани по два пати.

Првиот концерт го проследија сите новинари и голем дел од јавните фаци, на излегување можеа да се слушнат само пофални зборови за пејачката која уште една докажа дека за неа не постои никаква конкуренција во Македонија. Каролина Гочева дефинитивно го пронајде стилот кој и лежи и стилот кој ги истакнува нејзините вистински квалитети.

 

 фото: Вистина.мк

 

На концертната промоција покрај новите песни беа отпеани и песни од првиот дел на „Македонско девојче“. Остануваат уште 4 концерти од кои едниот ќе се одржи вечерва, не пропуштајте го овој прекрасен настан.

 

 

 

 

 Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | “Безобразно “, летна и жешка авантура на Роберт и Дејан

Со потенцијал за вистинско летно музичко освежување на нашата мкд сцена , песната “Безобразно” конечно …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!