Почетна / МК Сцена / Скандалозен учесник во „Сите наши песни“

Скандалозен учесник во „Сите наши песни“

 

Музичкото шоу „Сите наши песни“ е во потрага по нови млади таленти, меѓу кои е и веќе познатиот Марио Арангеловски. Вчера се снимаше претпоследната емисија од овој музички проект, односно полуфиналето помеѓу Куманово и Прилеп. Марио е еден од ретките на негова возраст што нема предрасуди за никого и ништо, се бори за сечии права и не поднесува неправда, па токму затоа и вчера на снимањето покажа негативна, бурна реакција. Тој и самиот си ја призна грешката на неговиот профил на Фејсбук, веднаш по завршување на емисијата.

 

 

„Не можев да поднесам неправда и морав да го напуштам студиото пред да направам поголем скандал, па макар и среде снимање”, вели тој. Пред водителката да го прогласи победникот, односно вториот финалист, Марио беше единствениот што се побуни, скокна и смело ја кажа вистината. Во тој момент цела продукција си ја сфати грешката и им дадоа втора шанса која и Куманово и Прилеп ја искористија на најдобар можен начин. Прилеп влезе во финалето за 1 поен повеќе од стручното жири, во состав од Огнен Неделковски, Биба Додева и Лидија Кочовска.

 

 

„Имавме игра која беше пресудна кој ќе биде финалистот. По завршување на нашите настапи, ние имавме поголем број на поени, водевме со 3 поени. Играта започна, Биг Бендот свиреше мал дел од една македонска песна, а ние требаше да погодиме која е таа песна. Прилепчаните имаа можност први да го кажат своето мислење, односно да одговорат, како група со помалку поени. Во тој момент некој од публиката или од самиот бенд го кажа името на песната и прилепчаните ја погодија, тука се случи и таа моја прва бурна рекција, но поминав покрај тоа. Поените се изедначија, требаше да играме уште една игра наречена Акапела, кадешто групно пеевме и жирито даваше своја констатација и поени за нашиот трио настап. Биба Додева беше таа која пресуди, нам ни даде 9-ка, на прилепчаните 10-ка, како и што самата рече, бит боксот си го направи своето, а сепак ние се пријавивме да пееме. Пред да се снима Акапелата имавме мала кратка пауза на која имаше договор меѓу продукцијата и жирито и пред да отпееме се знаеше победникот. Тоа и ме натера да го напуштам студиото пред да заврши снимањето“, изјави тој за ТВ Пакет.

 

 

„Не ми е криво што изгубивме, навикнат сум на вакви мали порази поврзани со музички проекти. Но пред мои очи, будала не може никој да ме прави“, додаде Марио.

Денеска се снимаше финалната емисија со почеток во 12:00 часот во студио 1 на Македонската Радио Телевизија. Марио со чист образ се појави на финалето за да ги поддржи своите колеги, навиваше за Прилеп и горд е на сите свои досегашни настапи и целокупната екипа која постојано беше со него на снимањата.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билети за концертите на Ерос и Адамс и во Avalon ticket shop

Билетите за концертот на Eros Ramazzotti како и за концертот на Bryan Adams ќе може …